Suzuki

Новости

 

Новиот Swift е прогласен за автомобил на годината во Јапонија

Во силната европска и јапонска конкуренција, токму новиот Swift е лауреатот во земјата на изгрејсонцето.

Новиот Swift е четврти автомобил на Suzuki кој ја добива оваа награда (Wagon R во 1993, Swift во 2006, и Wagon R и Wagon R Stingray in 2008), награда која ја доби од Новинарската асоцијација на специјализирани новинари од авто индустријата во Јапонија Automotive Researchers’ and Journalists’ Conference of Japan (RJC).

Swift дебитираше во 2004 година како прв светски стратешки модел на Suzuki. Ја доби RJC наградата „Автомобил на годината за исклучителна изведба, најдобар комфор во класата и комбинација на перформанси-цена“.



Swift исто така има добиено голем број награди низ целиот свет. Повеќе од 1.8 милиони автомобили се продадени во 124 земји во светот. Се здоби со статус не само во Јапонија, туку и во Европа каде се издвојува во пазарот на компактни автомобили. Кај корисниците посебно е популарен заради стабилноста во возењето и комфорот, но и економичноста од друга страна.

Минатиот модел најави малку поинаков стил од Suzuki, а актуелниот е надополнување на идентитетот кој овој вистински мал убавец го креираше за себе минатите години. Малку поголем од претходно, со набиена мускулатура, со многу квалитетни материјали и до многу опрема, Swift докажува зошто концернот VW сакаше дел од колачот наречен Suzuki.