Suzuki

Новости

 

Suzuki Alto за 90 евра месечно!

Еден од најуспешните градски автомобили, сега стана уште подостапен и тоа за 90 евра месечно.

Месечната рата се однесува на моделот 1.0 GL со 68 КС, кој стандардно чини 7.900 евра. Опремата вклучува електрични стакла и централна брава со далечинско, радио со CD+MP3, предни и странични воздушни перничиња, ABS+EBD+BAS, имобилајзер и клима уред.

Ратата од 90 евра се однесува на кредитниот план со учество од 20%, односно 1.560 евра и 84 рати (7 години) по 90 евра. За учество од 10% на пример, односно 790 евра, ратата изнесува 84x109 евра. Кредитот е преку NLB банка.