Suzuki

Новости

 

Koli.com.mk Тест – Suzuki SX4 4x4 - Екстремно способен

Во период кога авто-индустријата (како никогаш досега) е преплавена со модели, веројатно и вредностите се изместијa.

Со цел за повисоки продажни резултати, многу “квази – модели” се дизајнирани да изгледаат баш онака какви што не се, а со тоа и да даваат лажна претстава за своите можности. Трендовски е да се има “џип” и да се вози од малку повисоко од другите во сообраќајот, но иронијата е во тоа што многу модели со SUV изглед апсолутно не заслужуваат да го носат тоа име.

А, има и такви кои се сосема спротивни. Ако се размисли подлабоко, ќе се види дека има еден Јапонец кој нуди и целосно „џип“ доживување – има 4x4 погон и овозможува извонредни возни својства и на асфалт и на терен, и што е најважно, има поволна цена, малку троши и целосно е многу исплатлив автомобил.



Слично како и самите Јапонци – скромни, вредни и способни, и SX4 ги носи тие епитети. На изглед не толку атрактивен, тој во својата душа е вистинско животно. Во него се вградени вистинските вредности што се бараат од еден автомобил, посебно во класата на мали SUV модели.

Прочитај повеќе