Уште едно големо признание за Baleno. Во конкуренција на Peugeot 3008, Kia Sportage, Renault Megane, Citroen C3, Seat Ateca и Toyota CH-T, претставниците на компаниите финалисти го дадоа својот глас. Интересно, најмногу гласови собра токму Baleno...

А, не треба ни да чуди. Совршениот SHVS мотор нуди и сила и еластичност, a и потрошувачка од само 5 литри, а внатрешниот простор е изненадувачки голем во однос на димензиите однадвор. Секој автомобил што е интелигентно конструиран, порано или подоцна, ги освојува симпатиите на секој кој има можност да го запознае. Baleno е автомобил кој по димензии е во класата на Polо и Fiesta, но нуди комфор и квалитет на возење како автомобил од повисоката класа. Должината е помала од 4 метри, но благодарение на најдолгото меѓуоскино растојание во класата, во кабината има најмногу простор за патниците и на предните и на задните седишта.

Новиот Boosterjet бензинец со зафатнина од 1.0 литри е целосно нов агрегат со директно впрскување и турбо полнач, кој постигнува исклучително ниска потрошувачка и одлични перформанси, што е постигнато благодарение на малата зафатнина и турбо полначот со висок вртежен момент.

1.0 Boosterjet агрегатот во Baleno постигнува сила од 112 КС и вртежен момент од 170 Nm, а ќе биде достапен со 5-степен мануелен менувач и новоразвиен 6-степен автоматски менувач.



Baleno е достапен со напредни активни системи, со кои ќе бидете сигурни дека секогаш автомобилот ќе забави навреме, дури и во случај вие да не изреагирате или не видите дека автомобилот напред застанал.

А, новата платформа на Suzuki носи радикални промени и подобрувања, со цел постигнување пониска маса и повисока цврстина на каросеријата. Многу структури во рамката се специјално дизајнирани за да се намали можноста за деформација, што придонесува за подобра дисперзија на енергијата при судир и намалување на стресот во самата кабина.

Споредено со претходната платформа, цврстината е зголемена за 10%, додека масата е намалена за 15%, а благодарение на користење на скелетна структура во дизајнот на рамката. Додатно на ова, оптимизирани се и сите други градбени делови со цел намалување на вибрациите и ударите во кабината, што оддава чувство на солидност и робусност.

Изненадувачки комфорниот ентериер и најголем во класата багажен простор од 355 литри се атрибути кои многу купувачи во Македонија веќе ги препознаа, па затоа одлуката помеѓу простор и стил никогаш не била полесна, затоа што со Baleno тие доаѓаат заедно. Baleno е достапен веќе од 10.900 Евра, во GL ниво на опрема.

------

За подетални информации, јавете се на: 2 3089 089, или контактирајте не на нашата Facebook Фан страна