Затоа што се произведува во Јапонија, буквално секој модел, вклучително и оние кои се продаваат во Македонија, за разлика од другите марки на автомобили, кај кои зависно од државата каде ќе се продаваат, моделите се произведуваат во различни фабрики и со различен квалитет. Кај Swift нема компромис.

Затоа што е многу забавен и пријатен за возење. Секоја команда е лесна, моторот и менувачот работат во идеална кохезија, управувањето и возната динамика се како кај картинг. Проаѓа токму онаму каде што сте замислиле - однесување во кривини кое влева доберба. Заслуга за тоа секако има и новата платформа, полесна и поцврста.

Затоа што има спортски ентериер кој едноставно ги спојува возачот и автомобилот. Управувач дизајниран како кај тркачки автомобил, предни седишта со значителна странична потпора и централна конзола свртена накај возачот.

Затоа што перформансите на новите мотори, и 1.2 DualJet со 90КС и 1.0 Boosterjet со 112КС се најдобри во класата. Ќе бидете изненадени од забрзувањето што го нуди и фактот дека на располагање има сила во секој момент

Затоа што има супер економични мотори. Фабрички декларираната потрошувачка е речиси идентична со реалната.
Од 3,7 литри на отворено, до 5,4 литри во град, за 1.2 моторот со 90КС.

Затоа што има напредни системи за безбедност, кои вообичаено се достапни само во повисоки класи на автомобили - Напреден систем за детекција на судир, Dual Sensor Brake Support, Radar Brake Suport, предупредување за напуштање на лента, визуелни предупредувања доколку возилото се однесува чудно заради "заспаност" на возачот итн.

Затоа што за почетната цена од 10.760 Евра добивате најмногу опрема. Ниеден модел во класата не нуди толку опрема и мотор со 4 цилиндри, за таа цена (Серво управувач, Кожен управувач со аудио команди, Управувач подесив по висина, Клима уред, 6 воздушни перници, ABS + EBD, ESP - Систем за контрола на стабилност, TCS - Систем за контрола на влечна сила, Помош при изненадно кочење, USB конекција, Bluetooth контроли на управувачот, LED дневни светла вградени во браник, Функција на светла "Guide me light", Автоматски светла, Радио CD MP3 WMA со 4 звучници, Ретровизори и рачки за врати во боја на каросерија, Далечинско централно заклучување, Патен компјутер, Светла за магла позади, Електрика на предни прозори, Електрика на ретровизори со грејачи, Возачко седиште подесивo по висина, Индикатор со препорака за степен на пренос, Индикатор за низок притисок во пневматици, Делива задна клупа 60:40, Систем за заштита од кражба, Имобилизатор, Филтер за полен, Isofix за детско седиште х 2, Систем за ослободување на педала на кочница, Сет за поправка на пневматици, Тонирани стакла).

Затоа што е решен единствениот реален проблем што претходникот го имаше - сега багажникот е поголем, и со понизок раб на товарење, правејќи го Swift идеален семеен автомобил.

Затоа што има на расплагање и хибриден систем SHVS, достапен со Dualјet и Boosterjet моторите, кој резултира со емисија од само 97 gkm CO2. Помошта на силата која доаѓа при забрзување, му овозможува на SHVS системот да биде попознат како благ хибриден систем кој е идеален за компактен автомобил.

Затоа што е многу, многу секси. Модерен и спортски дизајн, наменет за оние со префинет автомобилски вкус.


------

За подетални информации, јавете се на: 2 3089 089, или контактирајте не на нашата Facebook Фан страна