Jimny

Ценовник
Опрема
Мотори
Технички Податоци
Бои
Каталог
Видеа
Фотографии
Дизајн
Ентериер
На терен
Безбедност

Новото Jimny

На терен

 

Вистинските off-road модели се комкапкти. Некогаш е позначајно да отидете колку што е можно подалеку во сонот, а не да имате неколку сона наеднаш. Тоа е Jimny. Ќе ве однесе и таму каде не очекувате.

Има многу автомобили што изгледаат како теренски, а во душата се улични
автомобили. Но, Jimny е вистинско теренско возило.

Комуникацијата меѓу луѓето и машините треба да биде секогаш совршена, па затоа тука е перфектно синхронизираното управување и прецизниот 5-степен менувач, со кои силата од моторот многу лесно се контролира.

А благодарение на својата цврста каросерија, високиот клиренс и специјалната суспензија, Jimny доминира на терен суверено како и на асфалт. A, ако сакате најбрзо да се вратите по истиот пат назад, тука е малиот круг на вртење од само 4,9 метри.

Силната просторна рамка е цврст темел за сериозни теренски перформанси. Нејзината крута триделена изведба го стабилизира возењето и ги апсорбира ударите од патот. Комбинацијата од осумте места за прицврстување на аросеријата, беспрекорниот мотор, севкупните мерки за намалување на буката и крутата рамка го прават Jimny тивок како секоја семејна лимузина. Крутите оски во полна широчина обезбедуваат едноставна, но значителна предност. Кога едно тркало ќе наиде на некоја издигнатина тркалото на другата страна на оската е притиснато надолу зголемувајќи го контактот со подлогата.

Резултатот е супериорен контакт на секој терен. Рамката лежи врз спирални пружини со по три водилки. Ова потпирање со високи перформанси со еднаква одлучност се справува со кривините на автопат и со ударните камења на патеката. Одвоено поставените амортизери и пружини го зголемуваат одот на потпирањето и обезбедуваат гладок одговор. Следствено обезбедено е возење со високо ниво на комфор за возачот и патниците.