Jimny

Ценовник
Опрема
Мотори
Технички Податоци
Бои
Каталог
Видеа
Фотографии
Дизајн
Ентериер
На терен
Безбедност

Безбедноста во Jimny

Пријател на кого му верувате

 

Suzuki Jimny е автомобил кој ќе ви дозволи да го истражувате секој терен, притоа штитејќи ве вас и вашите патници. А целата таа безбедносна технологија, се разбира, доаѓа стандардно!

Безбедноста за Suzuki е приоритет број еден. Се разбира, чувството за сигурност го прави возењето поголемо задоволство. Сеопфатниот пристап на Suzuki кон безбедноста на возачот и патниците вклучува активни безбедносни мерки кои помагаат да се избегнат несреќите.

Одличното управување, сопирање и забрзување даваат можност за брза интервенција во итни ситуации. Антиблокирачкиот систем со 4 сензори и 3 канала делува на сите 4 тркала со што е овозможено управување и за време на нагло кочење. Кон активната безбедност придонесува извонредната видливост на сите страни што овозможува брза соодветна реакција.

Видливоста напред е оптимизирана со големото ветробранско стакло и високата точка на гледање, додека при возење наназад, видливоста е одлична дури и при лошо време благодарение на задниот бришач и грејачот на задното стакло. Резервното тркало е поставено ниско на задниот дел за да го намали блокирањето на погледот наназад.

Во случај на незгода, пасивната безбедност на Jimny помага да се заштитат возачот и патниците преку сигурносни ремени со врзување во 3 точки. Предните седишта можат да бидат опремени со двојни SRS воздушни перници и предзатегнувачи на ремените. Каросеријата и структурата на заштитната рамка се конструирани со помош на компјутерски анализи за да ја апсорбираат силата при челен удар и да ја насочат подалеку од патниците. Металните шипки во вратите помагаат да се зачува интегритетот на кабината

Двоен SRS систем со воздушни перници

Двојниот SRS систем со воздушни перници е конструиран за да обезбеди дополнителна заштита на возачот и совозачот. Секогаш бидете сигурни дека Ви се врзани сигурносните ремени. Детско седиште свртено наназад