Suzuki Vitara

За вистинските љубители на off-road возењето

Уште од првиот модел во 1988 година, Vitara секогаш беше изборот на оние кои сакаа стилски и модерен автомобил кој ќе може да ги однесе надвор од патот, во сите можни временски услови. Денес, 25 години од лансирањето на оригиналната Vitara, новиот модел настапува со свежи идеи за тоа како треба да изгледа едно SUV возило. Новата Vitara e помалa po димензии, со цел да ги задоволи потребите на урбаните купувачи, а го вклучува веќе добро познатиот ALLGRIP погон на сите тркала, како и иновативна опрема за безбедноста и целосно нов мултимедијален уред. Покрај тоа, за прв пат овозможува високо ниво на персонализација и избор на различни бои и материјали.


Инстантно препознатлив дизајн

Новата Vitara го наследува дизајнот на претходникот и Jimny серијата, но во многу помодерна варијанта, која ги следи трендовите на спортски и динамичен изглед. Уште во предниот дел, поклопецот на моторот изведен во препознатливиот „школка“ дизајн, како и трапезоидниот преден браник, оддаваат чувство на моќ и спортски карактер. Странично, високо поставените и мали стакла ја нагласуваат робусноста која се бара кај секој SUV автомобил. Задниот дел е изведен така да ја нагласи аеродинамиката на новата Vitara, со делумно симнат покрив. LED светлата дополнително ја нагласуваат модерната нота и креираат кул изглед.

Внатрешниот дизајн со “U” додатокот околу менувачот дополнително ја нагласува робусноста на новата Vitara, додека кружните отвори за воздух му даваат на возилото младешки и спортски изглед.



ALLGRIP системот донесува големи придобивки во перформансите и возните својства

Тркалата со голем дијаметар и фактот што новата Vitara има повисоко тежиште, овозможуваат врвни теренски возни својства, карактеристика што ја немаат останатите модели кои изгледаат како теренски или SUV возило, но реално освен изгледот, не може да понудат вистински теренски возни својства). ALLGRIP системот, пак, овозможува избор на четири различни режими на работа и се грижи високите перформанси да бидат задржани независно од патната подлога.

Системот користи неколку сензори кои ги детектираат пролизгувањата на секое тркало поединечно, како и положбата на воланот, односно педалата за гас и според тоа делува на секое тркало посебно. Четирите режими кои возачот може сам да ги избере се следните:

  • Auto – приоритет на овој режим е економичноста и намалената емисија на штетни гасови. Системот тука ги користи предните тркала и ги вклучува задните само доколку детектира пролизгување;

  • Sport – спортскиот режим е оптимален за возење по кривулести патишта. Тука системот максимално го користи погонот на сите тркала, а притоа го изострува одговорот на моторот на педалата за гас, за уште подобри возни карактеристики;

  • Snow – овој режим е најпогоден за снежни услови, или пак за кал и други лизгави површини. Системот тука целосно го користи погонот на сите тркала, но го оптимизира префрлањето на силата напред или назад, зависно од потребата, а со цел подобра тракција и контакт со подлогата;

  • Lock – во овој режим, системот ја распределува силата во сооднос 50:50 на двете оски, со цел полесно излегување на автомобилот од снег, кал или песок. Вграден е и механички диференцијал со ограничено пролизгување, кој може да го забави пролизгувањето на секое тркало посебно, доколку се јави потреба од тоа.

Високо ниво на персонализација

Купувачите имаат можност да изберат меѓу неколку различни бои, детали и материјали за надворешноста и внатрешноста. Секој купувач може да одбере меѓу 15 различни бои за каросеријата, од кои три се целосно нови, а има и можност за персонализирање со два различни тонови за надворешноста.

Новите бои се:

  • Atlantis Turquoise Pearl Metallic;

  • Horizon Orange Metallic;

  • Savannah Ivory Metallic.

Овие бои можат да се искомбинираат со пет различни изведби на деталите во надворешниот и внатрешниот дизајн:

  • Предна решетка (црна или бела);

  • Детали во браникот (црни или бели);

  • Инструмент табла (тиркиз, портокалова, бела или пијано црна);

  • Прстени околу отворите за вентилација (тиркиз, портокалова, бела или пијано црна);

  • Централно поставен часовник (Carbon или Kanji).

Купувачот може и дополнително да ја зголеми персоналноста на својот автомобил со новите пакети:

  • Урбан пакет, кој ја нагласува модерната страна и вклучува многу хромирани детали во каросеријата и кровен спојлер позади;

  • Робусниот пакет кој ја нагласува цврстината на новата Vitara, со специјална заштита под предниот и задниот браник, странична заштита и заштита во делот за товарање позади.

Oпрема

  • Stop&Start
  • Серво управувач
  • Aудио команди на управувач
  • Управувач со висинско и длабинско подесување
  • Клима уред
  • 7 воздушни перници
  • ABS + EBD
  • ESP -Систем за контрола на стабилноста на возилото
  • TCS - Систем за контрола на влечна сила
    Систем за ослободување на педалите при удар
  • USB приклучок
  • Радио CD MP3 WMA со 4 звучници
  • Bluetooth контроли на управувачот
  • Возачко и совозачко седиште подесиви по висина
  • Светло за магла назад
  • Штитници за сонце со огледало
  • Далечинско централно заклучување
  • Hill Hold - помош при тргнување на нагорнина
  • Електрика на ретровизори
  • Електрика на предни прозори
  • Патен компјутер
  • Систем за заштита од кражба, Имобилизатор
  • Индикатор со препорака за степен на пренос
  • Индикатор за низок притисок во пневматици
  • Заштита на крила и прагови
  • Делива задна клупа 60:40
  • Isofix за детско седиште
  • Аларм
  • Тонирани стакла
  • 16" челични бандажи со 215/60R16 пневматици
  • Сет за поправка на пневматици
 
     
Се што содржи GL, плус:    
  • Автоматски клима уред
  • Кожен управувач
  • Светла за магла напред
  • LED дневни светла
  • Грејачи на ретровизори
  • Електрика на задни прозори
  • Затемнети термоизолациони задни стакла
  • Smartphone linkage display audio + rearview camera
  • Aлуминиумски бандажи 17"
  • Xромирани кровни носачи
  • Штитиници за сонце со огледало и светло
  • 2 високотонци
  • Конзолна касета
  • Ограничувач на брзина
  • Cruise control - темпомат
  • Прилагодлив cruse control (само за 4WD)
  • Hill decent control - помош при возење низбрдо (4WD)
  • Радарска подршка за сопирање RBS (само за 4WD)
  • Сигнал за итно запирање ESS (само за 4WD)
 
     
Се што содржи GL Plus, плус:    
  • Хромирана предна маска
  • LED мултирефлектор
  • Автоматски светла
  • Автоматско нагодување на предни светла
  • Паркинг сензори напред и назад
  • key less-пристап и стартување без клуч (со копче)
  • Aлуминиумски бандажи 17" - полирани
  • Автоматски бришачи со сензори за дожд
  • Елeктрично преклопиви ретровизори
  • Трепкачи на ретровизори
  • Smartphone linkage display audio+rearview camera + NAV
  • Седишта обложени во комбинација кожа - велур
  • Грејачи на предни седишта
  • Канали за греење на задни седишта
 

Мотори

Vitara e опремена со по еден бензин и дизел мотор, и двата со зафатнина од 1,6 литри и сила од 120 КС. Покрај тоа што се работи за веќе добро познати агрегати, Suzuki направи подобрувања за новата Vitara, како намалување на внатрешното триење, што дополнително ја зголемува ефикасноста.

И двата мотори се најдобри во сегментот кога е во прашање економичноста и емисијата на издувни гасови, па така, бензинецот испушта само 123 g/km CO2 во верзијата со погон на предните тркала, додека дизелот испушта супер ниски 106 g/km CO2. ALLGRIP системот со погон на сите тркала незначително ја зголемува емисијата на CO2 и тоа на 134 g/km за бензинецот, односно на 111 g/km за дизелот, што се најдобри резултати во сегментот. Сите модели се опремени и со систем за автоматско гасење на моторот на семафор.

Бензинецот е опремен со мануелен менувач со пет степени, но за прв пат е достапен и целосно нов автоматски менувач со шест степени на пренос, додека дизелот е достапен со мануелен менувач со шест степени.

Суспензија и кочници

Предната оска е со Макферсон дизајн. Сепак, направени сеподобрувања во рамката на суспензијата, рамената и стабилизаторите, што донесе многу поголема цврстина на каросеријата и следствено на тоа подобро држење на автомобилот во кривините. Задната торзиона оска е изведена со цевка изведена во “U” дизајн, која е позајмена од SX4 S-Cross и која дополнително ја зголемува стабилноста.

Кочниците се во диск изведба и напред и назад, со тоа што предните дискови се вентилирачки. Клештите се изведени во полесни материјали, кои овозможуваат уште подобро кочење и намалување на потрошувачката на гориво.

Опрема за безбедност

Новата Vitara може да се пофали и со најдобра опрема за безбедност во класата, која вклучува и нов радарски систем, наречен Radar Brake Support.

Радарска подршка за сопирање (RBS)
Овој систем ги детектира возилата пред вас и реагира кога има можност за судир со пискав звук. Доколку можноста за судир се зголеми, системот автоматски ја зголемува силата на сопирање при панично стискање на педалата, а доколку системот одлучи дека судирот е неизбежен,автоматски почнува да го сопира возилото. На овој начин, радарската подршка за сопирање избегнува судири при помали брзини, односно ја намалува штетата доколку дојде до несреќа.

Прилагодлив темпомат (ACC)
Vitara поседува прилагодлив темпомат (Adaptive Cruise Control), кој во корелација со RBS ја мери оддалеченоста од возилото пред вас. На овој начин, системот автоматски ја одржува оддалеченоста од возилото кое се движи пред Вас (Долга, Средна или Кратка), преку забрзување односно забавување на возилото, со што се зголемува комфорот на возачот.


На NCAP тестот Vitarata има 5 звезди за безбедност.
Новата технологија за безбедноста е придружена и со ултра цврстата каросерија, која е изработена по специјалниот TECT (Total Effective Control Technology) систем на Suzuki и која овозможува највисоко ниво на апсорпција на евентуалниот судир.

Бои

Голем избор на бои кај новата Vitara, со опција и за кров во боја

 

 

Тапацир

 

Видеа

 

Мали надворешни димензии, високо ниво на комфор во внатрешноста

Во кабината, и покрај малите и компактни надворешни димензии, комфорот е на највисоко ниво - и за патниците напред, но и за оние назад. Багажникот брои 375 литри, што е еден од најдобрите резултати во сегментот на малите SUV автомобили. Дизајнот на внатрешноста е многу помодерен и поспортски, со кружни отвори за вентилација, како и нови, полуксузни материјали.

Подобро опремените модели вклучуваат екран на допир, со кој се управува мултимедијалниот уред, односно навигацијата и е овозможено користење на апликации од паметниот телефон на возачот. Vitara е опремена и со дводелен панорамски покрив, кој може целосно да се отвори и да овозможи влез на многу светлина и воздух во кабината. Всушност, кога се затворени, двете стакла имаат должина од 100 сантиметри, додека со отворањето на предното стакло се добива целосно отворен простор со должина од 56 сантиметри, што е еден од најдобрите резултати во класата.

 

Технички карактеристики за Vitara 1.6


Фотогалерија