Suzuki Vitara S

Спортска Vitara со 140 КС

Моделската понуда Vitara е збогатена со нов "S" модел, во кој се вградува целосно нов 1,4 BOOSTERJET турбо бензинец кој располага со 140 КС при 220 Nm вртежен момент.

Download PDF Ценовник со нивоа на опрема


Нов 1.4 мотор со 140 КС

Најекслузивната верзија на Vitara ја краси лукзус и спорт, и секако ја носи ниво погоре во однос на конкуренцијата во класата на компактни кросовери.

Vitara S е првиот модел во гамата на Suzuki кој го има целосно новиот 1,4 BOOSTERJET, во комбиинација со 6-степен менувач. Mаксималната брзина достигнува до 200 Km/h, забрзувањето од 0-100 km/h трае само 9,5 секунди, а потрошувачката останува во границите на најштедливите во класата (6.3L/100km во град), 5.0L/100km на отворено and 5.4L/100km комбинирано. Освен мануелниот, секако на понуда е и автоматски 6-степен менувач.

Како надополнение на новиот моќен мотор, најголемата визуелна промена однадвор кај Vitara S е вградувањето на нов отвор за воздухот во предната маска, хромиран, дизајнерски инспириран од концептот iV-4, како и LED дневните светла, но и црно обоени калници и носачи, кои дополнително го истакнуваат динамичниот изглед на моделот.

Внатре, Vitara S е опремена со црвени детали и седишта кои се комбинација од кожа и велур, но и алуминиумски педали за гас, кочница и спојка, со кои се нагласува спортскиот карактер на возилото.

Цената на моделот со мануелен менувач изнесува 22.500 Евра, додека со автоматскиот 24.500. Секој модел на Vitara S е опремен со интелигентниот погон на 4 тркала - Allgrip.

Новитет е со 7 – инчниот екран на допир (Smartphone linkage display audio + rearview camera + NAV), кој сега е опремен со Apple CarPlay стандардот за пресликување на апликациите од Вашиот iPhone.

S-GLX Ниво на опрема

  • Stop&Start
  • Серво Управувач
  • Аудио команди на управувач
  • Спортски кожен управувач со црвени штепови
  • Управувач со висинско и длабинско подесување
  • Автоматски клима уред
  • 7 воздушни перници
  • ABS + EBD
  • ESP - Ситем за контрола на стабилноста на возилото
  • TCS - Систем за контрола на влечна сила
  • Систем за ослободување на педалите при удар
  • USB приклучок
  • Smartphone linkage display audio + rearview camera + NAV
  • 6 звучници
  • Bluetooth контроли на управувачот
  • Возачко и совозачко седиште подесиви по висина
  • Светла за магла напред и назад
  • LED дневни светла
  • LED мултилефректор - црвена боја
  • Автоматски светла
  • Автоматско нагодување на предни светла
  • Автоматски бришачи со сензори за дожд
  • Хромирани кровни носачи
  • Хромирана предна маска
  • Паркинг сензори напред и назад
  • Седишта обложени во комбинација кожа - велур
  • Прилагодлив cruse control - темпомат
  • Далечинско централно заклучување
  • Key-less пристап и стартување без клуч (со копче)
  • Hill Decent Control - помош при возење низбрдо
  • Hill Hold - помош при тргнување на нагорнина
  • Радарска поддршка за сопирање - RBS
  • Сигнал за итно запирање - ESS
  • Грејачи на ретровизори
  • Електрично преклопливи ретровизори
  • Трепкачи на ретровизори
  • Електрика на ретровизори
  • Електрика на предни и задни прозори
  • Грејачи на предни седишта
  • Канали за греење на задни седишта
  • Штитници за сонце со огледало и осветлување
  • Конзолна касета
  • Патен компјутер
  • Систем за заштита од кражба, Имобилизатор
  • Индикатор со препорака за степен на пренос
  • Индикатор за низок притисок во пневматици
  • Ограничувач на брзина
  • Заштита на предни, задни и странични поткрила
  • Делива задна клупа 60:40
  • Isofix за детско седиште
  • Аларм за менување масло во моторот
  • Затемнети термоизолациони задни стакла
  • Алуминиумски бандажи 17" - црни обоени 215/55R17
  • Алуминиумски педали за гас, кочница и спојка
  • Сет за поправка на пневматици
 

Спортски дизајн



Опрема за безбедност

Новата Vitara може да се пофали и со најдобра опрема за безбедност во класата, која вклучува и нов радарски систем, наречен Radar Brake Support.

Радарска подршка за сопирање (RBS)
Овој систем ги детектира возилата пред вас и реагира кога има можност за судир со пискав звук. Доколку можноста за судир се зголеми, системот автоматски ја зголемува силата на сопирање при панично стискање на педалата, а доколку системот одлучи дека судирот е неизбежен,автоматски почнува да го сопира возилото. На овој начин, радарската подршка за сопирање избегнува судири при помали брзини, односно ја намалува штетата доколку дојде до несреќа.

Прилагодлив темпомат (ACC)
Vitara поседува прилагодлив темпомат (Adaptive Cruise Control), кој во корелација со RBS ја мери оддалеченоста од возилото пред вас. На овој начин, системот автоматски ја одржува оддалеченоста од возилото кое се движи пред Вас (Долга, Средна или Кратка), преку забрзување односно забавување на возилото, со што се зголемува комфорот на возачот.


На NCAP тестот Vitarata има 5 звезди за безбедност.
Новата технологија за безбедноста е придружена и со ултра цврстата каросерија, која е изработена по специјалниот TECT (Total Effective Control Technology) систем на Suzuki и која овозможува највисоко ниво на апсорпција на евентуалниот судир.

Бои

 

ALLGRIP системот донесува големи придобивки во перформансите и возните својства

Тркалата со голем дијаметар и фактот што новата Vitara има повисоко тежиште, овозможуваат врвни теренски возни својства, карактеристика што ја немаат останатите модели кои изгледаат како теренски или SUV возило, но реално освен изгледот, не може да понудат вистински теренски возни својства). ALLGRIP системот, пак, овозможува избор на четири различни режими на работа и се грижи високите перформанси да бидат задржани независно од патната подлога.

Системот користи неколку сензори кои ги детектираат пролизгувањата на секое тркало поединечно, како и положбата на воланот, односно педалата за гас и според тоа делува на секое тркало посебно. Четирите режими кои возачот може сам да ги избере се следните:

  • Auto – приоритет на овој режим е економичноста и намалената емисија на штетни гасови. Системот тука ги користи предните тркала и ги вклучува задните само доколку детектира пролизгување;

  • Sport – спортскиот режим е оптимален за возење по кривулести патишта. Тука системот максимално го користи погонот на сите тркала, а притоа го изострува одговорот на моторот на педалата за гас, за уште подобри возни карактеристики;

  • Snow – овој режим е најпогоден за снежни услови, или пак за кал и други лизгави површини. Системот тука целосно го користи погонот на сите тркала, но го оптимизира префрлањето на силата напред или назад, зависно од потребата, а со цел подобра тракција и контакт со подлогата;

  • Lock – во овој режим, системот ја распределува силата во сооднос 50:50 на двете оски, со цел полесно излегување на автомобилот од снег, кал или песок. Вграден е и механички диференцијал со ограничено пролизгување, кој може да го забави пролизгувањето на секое тркало посебно, доколку се јави потреба од тоа.

Технички карактеристики за Vitara 1.6

 

Фотогалерија