S-Cross

Ценовник
Опрема
Мотори
Технички Податоци
Бои
Каталог
Видеа
Фотографии
Дизајн
Ентериер
Подвозје
Безбедност
360 ° Viewer

S-Cross

Совршен урбан кросовер

 

 

Најпопуларниот модел 1.6 GL, со штедливиот бензиски мотор, сега достапен за неверојатни 13.990 Евра


S-Cross има значајно стратешко место во понудата на реномираниот јапонски произведувач.

Со развојот на овој автомобил, Suzuki уште еднаш ја потврди својата неприкосновена стручност во производството на кросовер возила со погон на сите 4 тркала. S-Cross својот карактер го изразува преку современиот стил и дизајн, бескомпромисна безбедност, врвните перформанси, како и од еколошки аспект - ниската потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови. Препознатливиот дизајн нуди доволно простор за превоз на цело семејство, заедно со својот багаж.

Најновата генерација на ALL Grip технологијата за погон на 4 тркала е вграденa во новиот автомобил. Четирите режими на работа на All Grip ги карактеризира беспрекорна безбедност при секакви услови на возење. Suzuki го произведе S-Cross комбинирајќи го своето знаење во производството на компактни возила, со сопствената технологија за кросовер возила.

S-Cross претставува цел која сака да ја достигне секој произведувач, моделот се издвојува со својот стил, нуди најголем простор во кабината во однос на своите конкуренти, ги задоволува најстрогите стандарди за заштита на животната средина, а All Grip системот допринесува за уживањето при возењето да биде уште поголемо.

S-Cross е комбинација на стил, безбедност, корисност, перформанси и економичност. Новиот S-Cross е повеќе од кросовер возило - тој совршена комбинација на сите потребни за семеен автомобил, кој ќе Ви пружи врвни перформанси при неговата употреба.

Новиот Suzuki, S-CROSS. Различен, впечатлив и практичен. Со најмногу внатрешен простор во однос на конкурентите. S-CROSS е многу повеќе од SUV - тој е совршен спој на безбеден семеен автомобил, врвни перформанси и неограничен комфор. Благодарение на најновиот 4WD погон, возењето и во град и на отворено е вистинско уживање.

Новиот S-CROSS го дополнува она што Вие секојдневно го правите - спорт, игра, патувања, авантура, урбана авантура... Листата може да биде долга, колку што е долга Вашата имагинација. Автомобил со перформанси прилагодени за секаков терен, интелигентен дизајн и софистициран изглед. Новиот S-CROSS го носи уникатниот стил и иновацијата на оригиналниот Suzuki SUV на следно повисоко ниво. Слобода, во секој поглед.

Од центарот на градот, далеку до недопрената дивината, и секаде помеѓу, S-CROSS е подготвен да отиде каде Вие ќе посакате. Ова е автомобил кој ќе ја прошири Вашата дефиниција за слобода. Инспирира нови правци во животот. Со S-CROSS, откријте ја слободата во движењето.

SX4 е синоним за се она што нема граници. За многу багаж, големи сништа или големо семејство, иновативниот дизајн овозможува простор за сите. Флексибилноста на дизајнот ви дава опции: повеќе работи да носите, повеќе места да посетите, и повеќе начини да уживате во животот.

Од големите седишта до панорамскиот покрив, се е во прилог на зголемување на чувството на слобода. Независно дали се движите низ урбаниот метеж или сте на забавна авантура, S-CROSS ве опкружува во рафинирана атмосфера, која ве охрабрува да откривате нови патишта пред вас.

S-CROSS ја редефинира слободата преку променливиот распоред на просторот. Преуредете го да одговара во секоја прилика според Вашите желби и потреби. Задача на S-CROSS е да Ве однесе секаде со се што Ви е потребно.

Технички карактеристики

Мотори кај S-Cross
1.6L VVT
1.6L DDIS
Погон
2WD
4WD
2WD
4WD
Зафатнина на мотор (ccm³)
1.586
1.598
КС
120
120
Гориво
Бензин
Дизел
Потрошувачка (на отворено) (l)
4,8
5,0
3,7
3.9
Максимална брзина (km/h)
180
175
180
175
Забрзување до 100 km/h (сек)
11,0
12,0
12,0
13,0
Максимален вртежен момент (Nm/rpm)
156 / 4.400
320 / 1.750
Стандард
Euro 6
Euro 6