Suzuki S-Cross

Новиот S-Cross добива поагресивна предна маска и нови BOOSTERJET турбо бензински мотори

На неодамна завршениот саемот за автомобили во Париз, официјална промоција доживеа новиот S-Cross. Со повиок дизајн на предната хромирана маска, кој придонесува за помоќен изглед, како и зголемено растојание од подлогата, кое сега изнесува 180 mm (165 mm кај постариот модел), новиот S-Cross сега добива поробусниот изглед. Новите предни фарови и задните светла со LED осветлување пак, придонесуваат за малку поостар и современ визуелен идентитен.

И ентериерот е подобрен – вградени се нови, поквалитетни материјали, а достапен е и 7 инчниот дисплеј на допир. Карактеристичниот ентериер на S-Cross сега добива подобрена пластика за изработка на предната конзола која е мека на допир, нова рамка на централната конзола и нова ткаенина за седиштата. Како и претходно, S-Cross нуди доволно простор во кабината за пет возрасни патници и целиот нивен багаж, додека панорамското стакло со двоен механизам за лизгање поставено на покривот има еден од најголемите отвори во својата категорија (560 mm).

 

Со развојот на овој автомобил, Suzuki уште еднаш ја потврди својата неприкосновена стручност во производството на кросовер возила со погон на сите 4 тркала. S-Cross својот карактер го изразува преку современиот стил и дизајн, бескомпромисна безбедност, врвните перформанси, како и од еколошки аспект - ниската потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови. Препознатливиот дизајн нуди доволно простор за превоз на цело семејство, заедно со својот багаж.

S-Cross е комбинација на стил, безбедност, корисност, перформанси и економичност. Новиот S-Cross е повеќе од кросовер возило - тој совршена комбинација на сите потребни за семеен автомобил, кој ќе Ви пружи врвни перформанси при неговата употреба.

S-Cross претставува цел која сака да ја достигне секој произведувач, моделот се издвојува со својот стил, нуди најголем простор во кабината во однос на своите конкуренти, ги задоволува најстрогите стандарди за заштита на животната средина, а All Grip системот допринесува за уживањето при возењето да биде уште поголемо.

Новиот модел има подобрен систем, кој порано алоцира дел од вртежниот момент од моторот на задните тркала, уште пред предните тркала да почнат да губат контакт со подлогата, што значително ги подобрува теренските својства.

Моќни и штедливи BOOSTERJET турбо бензински мотори со директно вбризгување
Suzuki BOOSTERJET моторите првично беа претставнина почетокот од 2016 како изведба со зафатнина од 1.4 литри и 1.0 литри. И двата мотори отсега ќе бидат дел од гамата на новиот S-Cross, донесувајќи високи перформанси со многу ниска потрошувачка.

Сите мотори во Suzuki S-Cross се опремени со Auto Stop Start систем, кој автоматски го згаснува моторот кога возилото е стационарно.

НАДВОРЕШНОСТ

Емоција, квалитет и аеродинамика

Новиот S-Cross зрачи со виталност и робусност, оддавајќи слика на агилен и динамичен кросовер. Преку агресивната маска и дневните LED светла, со својот преден дел покажува храбар настап и многу динамика. Во задниот дел може да се видат стабилноста и врвните теренски карактеристики. Погледнете отстрана и ќе ги забележите спортските линии кои водат кон слобода. Од кој агол и да се погледне, пораката е иста: "Издвој се од толпата". Дизајнот е базиран на три клучни точки: емоција, квалитет и аеродинамика.

Автомобил со перформанси прилагодени за секаков терен, интелигентен дизајн и софистициран изглед. Новиот S-CROSS го носи уникатниот стил и иновацијата на оригиналниот Suzuki SUV на следно повисоко ниво. Слобода, во секој поглед.

Дозволете и на вашата имагинација да ве води, исто онака како што возите низ градските улички. Врвниот SUV дизајн порачува: Не дозволувајте ништо да ви стои на патот. Доживејте повеќе. Доживејте се. Забележете како аеродинамичните линии нудат чувство на непрекинато движење. Тоа нека биде ваша инспирација.

Цврста и лесна каросерија

Каросеријата е цврста и лесна, благодарение на употребата на челик со висока јакост. Помага во одличните возни перформанси и намалување на потрошувачката.

Компјутерски потпомогнатиот развој, како и тестирањето во воздушен тунел, донесоа до аеродинамика која ги зголемува перформансите и ја намалува потрошувачката. S-CROSS има извонредно низок отпор на воздухот, за автомобил со SUV карактерисики.

ЕНТЕРИЕР

Повеќе простор, секаде.

Спакувајте се за авантура. S-Cross е синоним за се она што нема граници. За многу багаж, големи сништа или големо семејство, иновативниот дизајн овозможува простор за сите. Флексибилноста на дизајнот ви дава опции: повеќе работи да носите, повеќе места да посетите, и повеќе начини да уживате во животот.

Во кабината на S-CROSS, сите ваши сетила се во духот на динамично движење. Тоа можете да го почувствувате во удобните седишта, чисто обликуваните површини и високиот квалитет на материјалите. Го чувствувате автомобилот како дел од вас, инспириран и возбуден за нови авантури. Исто како и Вие!

Практичниот семеен кросовер нуди доволно простор за пет возрасни патници и целиот нивни багаж. Многуте практични решенија за одлагање ситници ги прават најважните предмети секогаш достапни: шишињата вода или очилата за сонце.

Дури и со пет патници во кабината, S-CROSS има големи 430 литри багажен простор. Со деливата задна клупа во сооднос 60:40, дополнително може да се прошири товарниот простор, додека задната полица овозможува полесна организација на багажот.

SX4 е синоним за се она што нема граници

За многу багаж, големи сништа или големо семејство, иновативниот дизајн овозможува простор за сите. Флексибилноста на дизајнот ви дава опции: повеќе работи да носите, повеќе места да посетите, и повеќе начини да уживате во животот.

Од големите седишта до панорамскиот покрив, се е во прилог на зголемување на чувството на слобода. Независно дали се движите низ урбаниот метеж или сте на забавна авантура, S-CROSS ве опкружува во рафинирана атмосфера, која ве охрабрува да откривате нови патишта пред вас.

S-CROSS ја редефинира слободата преку променливиот распоред на просторот. Преуредете го да одговара во секоја прилика според Вашите желби и потреби. Задача на S-CROSS е да Ве однесе секаде со се што Ви е потребно.

Новиот Suzuki, S-CROSS. Различен, впечатлив и практичен. Со најмногу внатрешен простор во однос на конкурентите. S-CROSS е многу повеќе од SUV - тој е совршен спој на безбеден семеен автомобил, врвни перформанси и неограничен комфор. Благодарение на најновиот 4WD погон, возењето и во град и на отворено е вистинско уживање.

 

Мулти – информациски дисплеј
Централно позиционираниот дисплеј дава јасен преглед на најважните информации, вклучувајќи ја потрошувачката на гориво, досегот со тоа гориво, режимот на работа на 4WD погонот (за моделите опремени со него), како и статусот на паркинг сензорите (GLX ниво на опрема). Исто така, вграден е индикатор за промена на степените на пренос, кој помага за оптимална потрошувачка на гориво.

Темпомат и ограничувач на брзината
Темпоматот ја одржува саканата брзина, додека ограничувачот на брзината не дозволува автомобилот да го надмине одбраниот максимум.
Палки за менување брзини (CVT менувач)
Палките за менување поставени зад воланот, достапни со автоматскиот CVT менувач, го подобруваат спортското возачко искуство.

Подесив волан
Воланот може да се подесува висински и длабински (во сите нивоа на опрема), лесно прилагодувајќи се на Вашите потреби.

Кожа со супериорен квалитет
За седењето да биде уште полуксузно, внимателно сошиената кожа со највисок квалитет е дел од ентериерот на S-CROSS. (некои делови се од вештачка кожа)

Подесив наслон на задните седишта
Наслонот за грб на задните седишта e прилагодлив кон напред и назад, со цел добивање повисок комфор на подолги патувања, како и за зголемување на просторот во багажникот.

Извонредна прегледност
Надворешните ретровизори се вградени на вратите, што го зголемува аголот на видливост.

Повеќе простор, токму каде што Ви е потребно.
Сместете се и уживајте во комфорот. Од големите седишта до панорамскиот покрив, се е во прилог на зголемување на чувството на слобода. Независно дали се движите низ урбаниот метеж или сте на забавна авантура,
S-CROSS ве опкружува во рафинирана атмосфера, која ве охрабрува да откривате нови патишта пред вас.

Пространа кабина
Благодарение на големиот простор за колената на задната клупа, комфорно може да седат пет возрасни патници.

Систем за влегување и стартување на моторот без клуч
Со овој систем, клучот може да остане во Вашиот џеб. Автомобилот ќе се отвори и моторот ќе стартува без потреба да го извадите клучот.

Автоматски бришачи и светла
Бришачите ќе се стартуваат автоматски уште при првите капки дожд. Нивната брзина автоматски се менува според јачината на дождот и брзината на движење на возилото. Светлата автоматски се вклучуваат зависно од надворешната светлина.

Двозонски автоматски клима уред
Двозонскиот автоматски клима уред го зголемува комфорот на предните седишта, со тоа што им овозможува на возачот и совозачот да ја подесат температурата независно еден од друг.

Панорамски покрив (опција кај GL+ и GLX)
Карактеристика што го отсликува S-CROSS e големиот сончев кров. Се отвора доволно многу за вашата имагинација да достигне нови дестинации. Дење или ноќе, од било кое седиште во автомобилот, погледот кон слободата едноставно одзема здив. Уживајте во моментот. Само небото е граница.

Прв во светот* со двоен лизгачки механизам, панорамскиот покрив кај S-CROSS овозможува голем отвор. *Според истражувањата на Suzuki

Аудио систем
Аудио системот е компатибилен со MP3 CD носачи на звук, USB, Bluetooth за репродукција на музика и појдовни повици, со вградени контроли на воланот (Bluetooth е стандарден кај GLX и како опција кај GL+ нивото на опрема).

Навигационен систем
Навигациониот систем има 7 инчен екран на допир и гласовни команди. Може да покаже и слика од задната камера за полесно паркирање назад.

Предни и задни паркинг сензори
Ултрасоничните сензори во предниот и задниот дел му помагаат на возачот кога ќе наиде на препрека, предупредувајќи го звучно и преку централно поставениот дисплеј на инструмент таблата

ПЕРФОРМАНСИ

Перформанси за сите временски прилики

Најновата генерација на ALL Grip технологијата за погон на 4 тркала е вграденa во новиот автомобил. Четирите режими на работа на All Grip ги карактеризира беспрекорна безбедност при секакви услови на возење. Suzuki го произведе S-Cross комбинирајќи го своето знаење во производството на компактни возила, со сопствената технологија за кросовер возила.

Појдете каде и да ве носи срцето. И бидете сигурни, S-CROSS е вистински автомобил за сите годишни времиња, за секаков терен и за потребите на сите возачи. Софистицираната "off-road" технологија на Suzuki, го прави еден од најсестраните автомобили.

Суспензијата е директно развивана на европските патишта, како би се овозможило најдобра можна комбинација на стабилност, удобност и ниска бучава.
Нова ALLGRIP 4WD технологија. Suzuki ја подобри далеку познатата 4WD технологија кај новиот S-CROSS, во нова генерација која го подобрува возачкото уживање, истовремено намалувајќи ја потрошувачката на гориво. Бидејќи секоја улица е различна и временските услови се непредвидливи, во S-Cross е вграден модерниот AllGrip погон на сите четири тркала. Погонот на сите четири тркала (4WD), ја подобрува стабилноста во најразлични услови на возење. Заедно со модерната шасија, постојано Ви нуди целосна контрола над автомобилот.

ALLGRIP систем со четири различни режими на работа

ALLGRIP е еволуција на технологиите за погон на сите четири тркала на Suzuki, која во најновата генерација овозможува исклучителна забава во возењето независно од условите на патот, заедно со висока безбедност на лизгав пат и пониска потрошувачка од конкурентните системи со погон на сите четири тркала.

ALLGRIP системот има четири различни режими на работа за безбедно и возбудливо возење на секој вид на подлога, кои беа претставени во претходниот SX4 S-Cross:

  • Auto – приоритет на овој режим е економичноста и намалената емисија на штетни гасови. Системот тука ги користи предните тркала и ги вклучува задните само доколку детектира пролизгување;

  • Sport – спортскиот режим е оптимален за возење по кривулести патишта. Тука системот максимално го користи погонот на сите тркала, а притоа го изострува одговорот на моторот на педалата за гас, за уште подобри возни карактеристики;

  • Snow – овој режим е најпогоден за снежни услови, или пак за кал и други лизгави површини. Системот тука целосно го користи погонот на сите тркала, но го оптимизира префрлањето на силата напред или назад, зависно од потребата, а со цел подобра тракција и контакт со подлогата;

  • Lock – во овој режим, системот ја распределува силата во сооднос 50:50 на двете оски, со цел полесно излегување на автомобилот од снег, кал или песок. Вграден е и механички диференцијал со ограничено пролизгување, кој може да го забави пролизгувањето на секое тркало посебно, доколку се јави потреба од тоа


Моќни и штедливи BOOSTERJET турбо бензински мотори со директно вбризгување

Suzuki BOOSTERJET моторите првично беа претставнина почетокот од 2016 како изведба со зафатнина од 1.4 литри и 1.0 литри. И двата мотори отсега ќе бидат дел од гамата на новиот S-Cross, донесувајќи високи перформанси со многу ниска потрошувачка.

Помалиот 1.0 BOOSTERJET агрегат развива 112 КС и има вртежен момент од 170 Nm достапен од 2.000-3.500 вртежи во минута, бројки карактеристични за атмосферски мотор со зафатнина од 1.8 литри. Споредено со претходниот агрегат со зафатнина од 1.6 литри, 1.0 BOOSTERJET моторот има 9% повисок вртежен момент, 11% пониска емисија на CO2 и 10% пониска потрошувачка.

Поголемиот 1.4 BOOSTERJET има моќност од 140 КС и вртежен момент од високи 220 Nm достапни уште од 1.500 вртежи во минута, што е 41% повеќе од претходниот бензинец со зафатнина од 1.6 литри. Исто така, овој модел има и 17% повеќе сила и 4% помала потрошувачка на гориво. Ова се импресивни бројки за бензинец со 140 КС, со кој S-Cross достигнува 100 km/h за само 10,2 секунди и максимална брзина од 200 km/h.

Еластичен и штедлив турбо дизел 1,6 DDiS агрегат

Етаблираниот 1.6 литарски DDiS турбо дизел агрегат развива високи 320 NM при само 1.750 врт/мин, благодарение на употребата на турбо полнач со променлива геометрија. Овој турбо полнач овозможува оптимален притисок, контролирајќи ја брзината на проток на издувните гасови и вртежите на моторот. На тој начин, турбо полначот со променлива геометрија овозможува висок вртежен момент, ниска потрошувачка и ниска емисија на партикуларни честички.

Сите мотори во Suzuki S-Cross се опремени со Auto Stop Start систем, кој автоматски го згаснува моторот кога возилото е стационарно.

ALLGRIP погонот на сите тркала на Suzuki овозможува и најниска потрошувачка и емисија на штетни гасови во својата класа – 1.0 BOOSTERJET моторот со мануелен менувач испушта само 119 g/km CO2 во атмосферата, додека 1.4 BOOSTERJET моторот со мануелен менувач испушта само 127 g/km CO2. Дизелот со ALLGRIP погон пак испушта само 114 g/km CO2 во атмосферата.

 

БЕЗБЕДНОСТ

Безбедноста на прво место

Од избегнување на судир, до пасивната заштита на патниците, S-CROSS овозможува безбедност на највисоко ниво. Модерната технологија и безбедносни системи од најновата генерација, Ви даваат можност за освојување на нови територии.

Каросеријата е развиена по "Total Effective Control" технологијата на Suzuki, за високо ниво на заштита на патниците, но и на пешаците. Седумте воздушни перничиња (предни и странични напред, како и воздушни завеси по целата должина, со воздушно перниче за коленото на возачот), овозможуваат висока заштита при евентуален судир. Електронскиот програм за контрола на стабилноста автоматски го контролира вртежниот момент од моторот и системот за кочење, за оптимална стабилност во свиоците.

Заштита при судир и заштита на пешаците
Каросеријата е развиена по "Total Effective Control" технологијата на Suzuki, за високо ниво на заштита на патниците, но и на пешаците.

7 воздушни перничиња
Седумте воздушни перничиња (предни и странични напред, како и воздушни завеси по целата должина, со воздушно перниче за коленото на возачот), овозможуваат висока заштита при евентуален судир.

Стабилност
ESP® (Electronic Stability Program), системот за контрола на стабилноста на возилото е стандардна опрема во секој модел на S-Cross. ESP® Ви помага да ја задржите контролата на возилото со анализата на податоците од сензорите и автоматска контрола на моторот и сопирачките спречувајќи пролизгување на тркалата. Ако одберете автоматска трансмисија, ESP®-то го спречува возилото да се врати наназад по пуштањето на педалата за сопирачка со што овозможува побезбедно и полесно тргнување на нагорнина.

ESP е регистриран заштитен знак на Daimler AG.

 

Radar Brake Support

 

Adaptive Cruise Control

RBS (Radar Brake Support) системот на Suzuki, користи прецизен радар, поставен во предната маска на автомобилот, зад знакот на Suzuki. Радарот будно го следи патот напред и цело време ја мери оддалеченоста од автомобилот напред. RBS работи при брзини од 5 до 180 km/h и може да забележи возило и до 100 метри оддалеченост.

 

Прилагодливиот темпомат работи исто така со помош на радарот и може автоматски да ја одржува брзината на автомобилот што е пред Вас, што е особено корисно на автопат. На пример, доколку се појави автомобил во вашата лента, кој е побавен од Вас, Вашиот Suzuki автоматски ќе ја прилагоди брзината. Вo меѓувреме, доколку се тргне автомобилот или се преместите на друга, празна лента, автомобилот ќе се врати на претходно дефинираната брзина. Тука, возачот може да избере меѓу три различни подесувања за оддалеченоста од возилото напред: “Medium” или средна, “Long” или долга и “Short или кратка.

     

1.

 

1.

Предупредување: доколку системот почувствува дека има опасност од судир со автомобилот напред, звучно го предупредува возачот 3 секунди пред евентуалниот судир, за тој да почне да забавува.

 

Кога нема автомобил пред вас, автомобилот ја задржува зададената брзина од темпоматот

 

2.

 

2.

Автоматско благо забавување: ако има опасност од судир, овој систем дополнително му најавува на возачот дека треба да почне да кочи

 

Доколку се појави автомобил напред, Вашиот Suzuki автоматски ја прилагодува брзината на тој автомобил и држи безбедна оддалеченост

 

3.

 

3.

Помош при забавување: потоа, системот му помага на возачот при забавувањето, односно ја зголемува силата на забавување преку серво уредот. Ова може драстично да го намали патот на кочење.

 

Кога автомобилот напред кој се движи со помала брзина забрза или пак се тргне од лентата, Вашиот Suzuki ќе се врати на претходно зададената брзина

 

4.

   

Автоматско целосно кочење: доколку возачот не реагира навреме, системот автоматски ги активира кочниците и помага при целосно избегнување на судирот. Возачот може да избере кога системот ќе се активира меѓу две опции: “FAR” односно далеку и “NEAR” односно близу.

   
   
     

 

ВИДЕO

 

 

 

 


ФОТОГАЛЕРИЈА

 

ЦЕНОВНИК


Download PDF Ценовник со нивоа на опрема

 

 

ОПРЕМА
  • START/STOP систем
  • Серво управувач
  • Аудио команди на управувач
  • Управувач со висинско и длабинско подесување
  • Cruise control - темпомат
  • Клима уред
  • 7 воздушни перници
  • ABS+EBD
  • ESP+TCS
  • USB конекција
  • Bluetooth контроли на управувачот
  • Радио CD MP3 WMA со 4 звучници
  • Hill Hold - помош при тргнување на нагорнина
  • Возачко и совозачко седиште подесиви по висина
  • Автоматско нагодување на предни седишта
  • Светло за магла назад
  • Надворешни рачки за врата во боја на каросерија
  • Потпирач за рака на централна конзола
  • Далечинско централно заклучување
  • Електрика на предни и задни прозори
  • Ограничувач на брзина
  • Аларм заштита од кражба
  • Имобилизатор, систем за заштита од кражба
  • Патен компјутер
  • Индикатор со препорака за степен на пренос
  • Индикатор за низок притисок во пневматици
  • Делива задна клупа 60:10
  • Isofix за детско седиште
  • Предни, задни и странички поткрила
  • Преграда за двојно дно во багажник
  • Штитници за сонце со огледало за осветлување
  • Сет за поправка на пневматици
  • 16 инчни челични тркала со 215/60R16 пневматици
 
     
Се што содржи GL, плус:    
  • Автоматски клима уред - двозонски
  • Кожен управувач
  • key-kess пристап и стартување без клуч (со копче)
  • Автоматски светла
  • Автоматски брисачи со сензори за дожд
  • Автоматско затемнување на внатрешен ретровизор
  • Аудио екран на допир со камера за паркирање
  • Грејачи на предни седишта
  • Канали за греење на задни седишта
  • Грејачи на ретровизори
  • Алуминиумски бандажи 17"
  • LED дневни светла
  • Bi-Xenon светла
  • Систем за миење предни светла
  • Електрично преклопливи ретровизори
  • Трепкачи на ретровизори
  • Светла за магла напред со хромиран детаљ
  • 2 високотонци
  • Хромирана лајсна околу прозори
  • Затемнети термоизолациони задни стакла
  • Потпирач за рака на задни седишта
  • Хромирани кровни носачи
 
     
Се што содржи GL Plus, плус:    
  • Врска со паметен телефон + Навигација
  • Радарска поддршка за сопирање RBS
  • Сигнал за итно запирање ESS
  • Прилагодлив cruise control - темпомат
  • Паркинг сензори напред и назад
  • Алуминиумски бандажи 17" полирани
    Доплата за сончев кров и кожа 123.600 ден.
 

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ



БОИ
         
         
SUPERIOR WHITE PRL.COOL WHITE MET.SILKY SILVER 2 MET.GALACTIC GRAY PRME.COSMIC BLACK
         
 
PRME.CANYON BROWN PRL.SPHERE BLUE PRL.ENERGETIC RED MET.MINERAL GRAY 3