SUZUKI CELERIO

Најголем меѓу најмалите

Именуван по латинскиот збор за брзина, Celerio е замена за Alto и Splash. Комбинацијта од 3,6 метри должина и 2,4 метри меѓуоскино растојание претставува совршен спој на мал автомобил однадвор, но просторен во внатрешноста. Во споредба со својата конкуренција, Celerio нуди најголем простор во кабината, како и голем простор за багаж од 254 литри.

Опремен е со 1 литарски три-цилиндричен бензинец со добри 68 КС, просечната реална градска потрошувачка кај Celerio е најниска во класата, и изнесува само 5,1 литри на 100km (на отворено 3,7 литри), со 99 g/Km емисија на штетни гасови. На понуда е и модел со автоматски менувач кој е контролиран од страна на компјутер за зголемено уживање при возењето.

Опремата, уште во основниот модел ќе биде богата: 4 воздушни перничиња, систем за контрола на стабилноста, клима уред, CD радио со USB, Bluetooth...

Почетната цена е 8.660 Евра

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

13.1 s
0-100km
160 km/h
Макс. Брзина
4,3l / 100km
Просечна потрошувачка
99g / Km
CO2
835 kg
Тежина
68КС / 6.000 вртежи
Сила
89Nm / 3500 вртежи
Вртежен момент

ЦЕНИ

Мотор Сила    Врати Гориво Опрема Цена
1.0 68 КС 5 Б GL 9.290 €
1.0 68 КС 5 Б GLX 9.990 €
1.0 (AT/T) 68 КС 5 Б GLX 10.500 €

Download PDF Ценовник со нивоа на опрема




Download PDF Ценовник со нивоа на опрема