Suzuki Baleno

Oставете ги предрасудите во минатото

Кога прв пат ќе го погледнете новото Baleno, ќе знаете дека од тој момент се ќе биде различно. Рафиниран и возбудлив дизајн кој го грабнува Вашето срце, предизвикувајќи чувство на задоволство кое ги менува Вашите предрасуди за тоа што треба да претставува еден компактен автомобил. Со првите поминати километри во новото Baleno, започнувате еден нов, авангарден и воздбудлив живот.

Уште во почетокот на конструирањето и дизајнирањето на новото Baleno, Suzuki воспостави една клучна рамка - да не се штеди на ништо и резултатот на тоа е хармонична комбинација на дизајн, супериорни перформанси, пионерски технологии и паметно и функционално пакување.

 

НАДВОРЕШНОСТ

Прониклив дизајн?

Дизајн темата наречена „Проток на течност“ асоцира на течност во движење, вклопена со експресивни форми и заоблени линии кои оддаваат чувство на енергија и привлечност. Ниско поставената каросерија и широката силуета дополнително го нагласуваат спортскиот и моќен изглед.

Гледана однапред, каросеријата на Baleno грациозно ја опкружува кабината, што резултира со спортски, но истовремено и елегантен изглед, дополнет со дистинктивните LED дневни светла и зацрнети предни столбови. Отстрана, линиите асоцираат на движење на автомобилот напред со динамична сила, асоцирајќи на моќ и робусност, додека задниот дел го заокружува целосниот изглед со моќна и одважна елеганција.

Baleno доаѓа и со многу детали кои прават да изгледа модерно и футуристички:

  • Предни HID светла, збогатени со хром и црна рамка, кои делуваат мажествено и остро, заедно со дневни LED светла кои рамномерно ја распределуваат светлината и оддаваат чувство на висока технологија

  • Специјални “Guide me Light” светла, контролираат преку далечински управувач, кои на патниците им овозможуваат лесно да се снајдат во темница

  • Напредни задни LED светла со рамномерно распределување на светлината

  • 9 бои за каросеријата, меѓу кои и “Premium Silver Metallic”, која ги нагласува заоблените и флуидни линии на каросеријата и “Ray Blue Pearl Metallic”, која ја менува бојата од црвена во зелена, зависно од кој агол се гледа автомобилот

  • Хром рачки на вратите и хром рамка на предната маска кои ја нагласуваат елеганцијата

  • Тенок спојлер во задниот дел кој ја нагласува спортската нота и ја подобрува аеродинамиката

  • 16 инчни алуминиумски тркала со механички дизајн кој е контрастен на флуидниот дизајн на автомобилот.



ЕНТЕРИЕР

Има ли компромис во однос на просторот?

И кога се внимава на стилот, никако не треба да се занемари просторот во внатрешноста. Со цел да се ослободи максимално простор за патниците, инженерите задолжени за дизајнирањето на внатрешноста, посветиле големо внимание на секој милиметар од кабинат. Придобивките од тоа се најпространа кабина за патниците (и на предните и на задните седишта), и најголем багажник во класата (355 литри). Со цел да се ослободи повеќе товарен простор пак, задните седишта можат да се спуштат и соберат само со еден потег, Дизајнот на кабината дополнително оддава чувство на комфор и отвореност, што ја прави идеално место за подолгите патувања.

Високото ниво на комфор е надополнето со модерно дизајнирана предна конзола, која ја карактеризираат заоблени и динамични линии. Сребрените детали ја збогатуваат црната боја на инструмент таблата, додека црвено – килибарното осветлување на централниот дел го нагласуваат стилот на кабината.

Елегантниот стајлинг на кабината е придружен од неколку иновации кои го прават возењето полесно и поинформативно:

  • Инструмент таблата ја карактеризира иновативен дизајн со централно поставен дисплеј, кој може да прикаже најразлични информации од возењето, како G-силата, моќност и момент на моторот во даден момент, проток на енергијата (за возилата со SVHS хибридниот систем), оперирање на педалите за гас и кочење итн.

  • Аудио уред со дисплеј со висок контраст кој е видлив и на сонце, со шест вградени звучници, USB влез, CD читач и безжично Bluetooth поврзување со паметни телефони, таблети и други преносни уреди

  • Централно поставен 7 инчен дисплеј со висока резолуција, на кој преку Apple Car Play може да се поврзе iPhone, или пак друг паметен телефони преку MirrorLink, и секако, да се користат апликациите од нив. Аудио системот има и USB и SD Card приклучоци, додека на дисплејот се прикажува видеото од задната камера при движење на автомобилот назад

  • Уникатен кружен дисплеј со висок контраст кој ги прикажува сите потребни информации за автоматскиот клима уред

  • Адаптивен темпомат кој автоматски ја одржува оддалеченоста од возилото напред, преку претходно дефинирана оддалеченост (блиску, средна оддалеченост или далеку) и граничник на брзината кој не дозволува поминување преку претходно дефинирана вредност дури и во случај возачот да притиска на педалата за гас




Стилска и лесна за користење инструмент табла

Инструмент таблата на Baleno го следи нискиот и широк дизајнерски концепт на надворешноста, создавајќи чувство на поголема пространост. Иновативниот дизајн на инструментите на централната конзола, со лесни за користење команди за аудио и клима уредите, дополнително го акцентира кокпитот.

 

ПЕРФОРМАНСИ

Дали е возбудлив за возење?

Освен што нуди високи перформанси, Baleno го прави возењето и многу забавно. За да ги постигне овие извонредни возачки перформанси, Baleno има целосно нови мотори и нова полесна платформа. Baleno е автомобил кој ве става на искушение - да го возите се повеќе и повеќе.


Високо ниво на перформанси и ниска потрошувачка

1.0 Boosterjet мотор
Новиот Boosterjet бензинец со зафатнина од 1.0 литри е целосно нов агрегат со директно впрскување и турбо полнач, кој постигнува исклучително ниска потрошувачка и одлични перформанси, што е постигнато благодарение на малата зафатнина и турбо полначот со висок вртежен момент.

Со контрола на излезниот вентил, кој се затвора за да се постигне побрз проток на издувните гасови и со тоа поголема брзина на турбо полначот, агрегатот постигнува високи перформанси при пониски вртежи, а со отворањето на вентилот се постигнува намалување на загубата на притисок при високи брзини на моторот. Резултатот е ниска потрошувачка и високи перформанси во секој режим на работа.

1.0 Boosterjet агрегатот во Baleno постигнува сила од 112 КС и вртежен момент од 170 Nm, а ќе биде достапен со 5-степен мануелен менувач и новоразвиен 6-степен автоматски менувач.

1.2 Dualjet мотор
Baleno е достапен и со нов 1.2 Dualjet бензински агрегат, кој го карактеризира исклучителна термичка ефикасност и кој овозможува одличен баланс меѓу перформансите и ниската потрошувачка. Агрегатот е опремен со две прскалки по цилиндар, кои овозможуваат максимална сила од 90 КС.

 

Нов, паметен хибриден SVHS систем, кој нуди исклучителен баланс

Baleno e достапен и со хибриден погон, со таканаречениот "Благ хибрид", кој преку интегрираниот стартер генератор му помага на бензинскиот мотор во тргнување, односно ја "собира" силата при сопирање и притоа ја полни вградената литиум – јонска батерија. Со овој погон, Baleno постигнува исклучително ниска емисија на штетни гасови од само 93 g/km CO2.

SVHS погонот има четири различни модови на работа:

Engine auto stop

 

Re-start

При застанување со автомобилот, бензинскиот мотор автоматски се гаси и сите системи во автомобилот се погонуваат преку вградената батерија, заштедувајќи гориво.

 

ISG генераторот тивко и брзо го стартува моторот само со притискање на педалата за спојката

 
     

Take-off / Acceleration

 

Deceleration

При забрзување, ISG генераторот му асистира на бензинскиот мотор, намалувајќи ја потрошувачката на гориво

 

При намалување на брзината, ISG ја користи кинетичката енергија за да ги наполни вградените батерии

 
     

Интуитивна суспензија
Суспензијата е внимателно прилагодена за европските патишта и овозможува директно управување и возачко уживање на кое се навикнати сите возачи на Suzuki. Покрај високите возачки перформанси, подвозјето овозможува и голема удобност во возењето. На автомобилот се вградени пневматици со намалено триење, кои придонесуваат за намалување на потрошувачката, без да се влошат перформансите и удобноста.

Нова платформа која цели кон идеални форми

Новата платформа на Suzuki донесува радикални промени и подобрувања, преку разгледување на најосновните структури на долниот дел од автомобилот, со цел постигнување пониска маса и повисока цврстина на каросеријата. Многу структури во рамката се специјално дизајнирани за да се намали можноста за деформација, што придонесува за подобра дисперзија на енергијата при судир и намалување на стресот во самата кабина.

Споредено со претходната платформа, цврстината е зголемена за 10%, додека масата е намалена за 15%, а благодарение на користење на скелетна структура во дизајнот на рамката. Додатно на ова, оптимизирани се и сите други градбени делови со цел намалување на вибрациите и ударите во кабината, што оддава чувство на солидност и робусност.

 

 

БЕЗБЕДНОСТ

Напредни системи за безбедноста кои константно му помагаат на возачот во текот на возењето

Знаејќи дека сте целосно заштитени и безбедни, можете многу повеќе да уживање во возењето. Baleno е достапен со напредни активни системи, со кои ќе бидете сигурни дека секогаш автомобилот ќе забави навреме, дури и во случај вие да не изреагирате или не видите дека автомобилот напред застанал.

 

 

Radar Brake Support

 

Adaptive Cruise Control

RBS (Radar Brake Support) системот на Suzuki, користи прецизен радар, поставен во предната маска на автомобилот, зад знакот на Suzuki. Радарот будно го следи патот напред и цело време ја мери оддалеченоста од автомобилот напред. RBS работи при брзини од 5 до 180 km/h и може да забележи возило и до 100 метри оддалеченост.

 

Прилагодливиот темпомат работи исто така со помош на радарот и може автоматски да ја одржува брзината на автомобилот што е пред Вас, што е особено корисно на автопат. На пример, доколку се појави автомобил во вашата лента, кој е побавен од Вас, Вашиот Suzuki автоматски ќе ја прилагоди брзината. Вo меѓувреме, доколку се тргне автомобилот или се преместите на друга, празна лента, автомобилот ќе се врати на претходно дефинираната брзина. Тука, возачот може да избере меѓу три различни подесувања за оддалеченоста од возилото напред: “Medium” или средна, “Long” или долга и “Short или кратка.

     

1.

 

1.

Предупредување: доколку системот почувствува дека има опасност од судир со автомобилот напред, звучно го предупредува возачот 3 секунди пред евентуалниот судир, за тој да почне да забавува.

 

Кога нема автомобил пред вас, автомобилот ја задржува зададената брзина од темпоматот

 

2.

 

2.

Автоматско благо забавување: ако има опасност од судир, овој систем дополнително му најавува на возачот дека треба да почне да кочи

 

Доколку се појави автомобил напред, Вашиот Suzuki автоматски ја прилагодува брзината на тој автомобил и држи безбедна оддалеченост

 

3.

 

3.

Помош при забавување: потоа, системот му помага на возачот при забавувањето, односно ја зголемува силата на забавување преку серво уредот. Ова може драстично да го намали патот на кочење.

 

Кога автомобилот напред кој се движи со помала брзина забрза или пак се тргне од лентата, Вашиот Suzuki ќе се врати на претходно зададената брзина

 

4.

   

Автоматско целосно кочење: доколку возачот не реагира навреме, системот автоматски ги активира кочниците и помага при целосно избегнување на судирот. Возачот може да избере кога системот ќе се активира меѓу две опции: “FAR” односно далеку и “NEAR” односно близу.

   
   
     

Baleno е опремен и со специјално дизајнирана “TECT” каросерија која ја апсорбира и распределува силата при судир и го намалува стресот во кабината, како и со предни и странични воздушни перничиња за возачот и совозачот. Кај подобро опремените модели се добиваат и воздушни завеси по целата должина на кабината. Големо внимание е посветено и на заштитата на пешаците – Baleno има специјално дизајниран преден дел, кој има помеки зони кои ги намалуваат повредите при удар на пешак.

 

ВИДЕА

 

Најдолго меѓуоскино растојание во класата

Suzuki Baleno има исклучително компактни димензии - должината е помала од 4 метри, но благодарение на најдолгото меѓуоскино растојание во класата, во кабината има најмногу простор за патниците и на предните и на задните седишта, како и најголем багажник меѓу конкурентите од 355 литри.

 

 


ФОТОГАЛЕРИЈА

ЦЕНОВНИК


Download PDF Ценовник со нивоа на опрема

 

 

ОПРЕМА
  • Серво управувач
  • Кожен управувач со аудио команди
  • Управувач подесив по висина
  • Клима уред
  • 6 воздушни перници
  • ABS + EBD
  • ESP -Систем за контрола на стабилноста на возилото
  • TCS - Систем за контрола на влечна сила
  • Помош при изненадно сопирање
  • USB конекција
  • Радио CD MP3 WMA со 6 звучници
  • Bluetooth контроли на управувачот
  • LED дневни светла вградени во преден браник
  • Функција на светла “Guide me light”
  • Автоматски светла
  • Рачки за врати и ретровизори во боја на каросерија
  • Далечинско централно заклучување
  • Патен компјутер
  • Светла за магла позади
  • Електрика на ретровизори со грејачи
  • Електрика на предни прозори
  • Хромирана предна маска
  • Возачко седиште подесиво по висина
  • Индикатор со препорака за степен за пренос
  • Индикатор за низок притисок во пневматици
  • Делива задна клупа 60:40
  • Систем за заштита од кражба, Имобилизатор
  • Филтер за полен
  • Isofix за детско седиште
  • Алуминиумски бандажи 16” само кај 1.0 Boosterjet
  • Hill Hold само кај (AT/CVT)
  • Спојлер и хромирана лајсна на 5-та врата
  • Сет за поправка на пневматици
 
     
Се што содржи GL, плус:    
  • Алуминиумски бандажи 16”
  • LED дневни светла – интегрирани во предни светла
  • Ксенон светла
  • Светла за магла напред
  • Грејачи на седишта (само кај CVT)
 
     
Се што содржи GL Plus, плус:    
  • LCD информационен дисплеј во боја – 4,2 inch
  • 7 inch екран осетлив на допир + audio + camera + NAV
  • RBS – радарска поддршка за сопирање
  • Прилагодлив crusie control – темпомат
  • Ограничувач на брзина
  • Автоматска дигитална клима
  • Управувач со висинско и длабинско подесување
  • Key less – пристап и стартување без клуч
  • Темни термоизолациони задни стакла
  • Наслон за рака напред
  • Хромирани надворешни рачки за врати
  • Хромирани внатрешни рачки за врати
  • Хромирани лајсни на прозори
  • Трепкачи на ретровизори
  • Електрика на задни прозори
  • Старт / Стоп систем кај SHVS
  • Грејачи на седишта
 

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

 

 
Багажникот исто така брои одлични 355