Новости

За љубителите на највозбудливите авантури - V-STROM DL 1000 A L5

Уште со почетокот на продажбата на мотоциклите на Suzuki во салонот на „Миркат“, достапен е и новиот V-STROM DL 1000 мотоцикл, кој го карактеризираат високи перформанси и неограничени можности.

Целосно редизајнираниот модел донесува исклучителен баланс во возењето, кој ќе го направи Вашето патување незаборавно искуство. V-STROM DL 1000 е подеднакво способен за градските гужви и за автопатиштата, а може да ги освои и највисоките планини.

Suzuki има работено и на подобрување на “V” моторот, освежувајќи го со нови прскалки за гориво, подобрена контрола на работата во место, нов систем за ладење и нова трансмисија со подобрена спојка.

Ова е и првиот мотоцикл на Suzuki со вграден TRC (Traction Control System), кој го олеснува возењето на лизгави патишта, а моделот е стандардно опремен и со ABS систем, кој го олеснува кочењето.

Новиот V-STROM DL 1000 уште веднаш е достапен во Миркат по цена од 11.290 евра.

Повеќе за моделот може да видите тука.