Миркат - генерален увозник на Suzuki мотоциклите

Миркат отсега станува официјален застапник на често наградуваните и популарни мотоцикли од гамата на Suzuki!

Понудата на мотоцикли во Миркат е составена од 17 различни модели, поделени на Supersport, Street, Sport Touring, Cruiser, Motocross и Scooter класи.

Со оваа богата гама на модели „Миркат“ се надева дека ќе ги задоволи потребите на најпребирливите купувачи на мотоцикли во Македонија.

Сите заинтересирани за мотоциклите на Suzuki можат уште веднаш да го посетат нашиот салон на Миркат на Ул. „Скупи“, каде ќе можат одблизу да се запознаат со гамата.

Овластен сервис и дилер за Suzuki мотоциклите ќе биде „Сито Сервис“ (Булевар „8-ми Септември“ бб.).

Листа со сите модели може да видите тука.